29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродолжува скијачката сезона на Попова Шапка, намалени билетите за 33 отсто

Продолжува скијачката сезона на Попова Шапка, намалени билетите за 33 отсто

sapka

Скијачкиот центар Попова Шапка од утре ги намалува цените на дневните ски билети до крајот на скијачката сезона и ќе чинат 600 денари.

Како што соопштија од ЕЛЕМ Турс цената за ноќното скијање останува како и досега 400 денари, полудневниот билет и натаму ќе чини 600 денари, а целодневното скијање за деца до 12 години останува 400 денари.

Според информациите од ЕЛЕМ Турс, за вечерва и утревечер со почеток во 19 часот на ски лифтовите Поток 1 и Поток 2 ќе бидат вклучени светилките за ноќно скијање.

Од ЕЛЕМ Турс посочуваат дека иако календарски пролетта е на самиот праг, на Попова Шапка има доволно снег, подготвени патеки и одлични услови за уште една продолжена ски сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП