24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито си заминува!

Чичарито си заминува!

c

Хавиер Хернандез бил известен од раководството на Манчестер Јунајтед дека е слободен да си бара нов тим во текот на летото. Мексиканецот настапува на „Олд Трафорд“ од 2010-та година па наваму, но не успеа да се пробие во првиот состав на „црвените ѓаволи“.

Напаѓачот е периферна опција за новиот менаџер Дејвид Мојс, кој претпочита да се потпира главно на Вејн Руни, Робин ван Перси и Дани Велбек. Во оваа сезона Чичарито има само 2 гола во 16 натпревари од Премиер лигата, иако во 12-те од нив тој влегол како резерва и одиграл вкупно 36 минути.

Според весникот „Дејли Стар“ не недостига интерес за Чичарито, а Тотенхем и Интер се главните кандидати.

Сепак ова е добра вест и за самиот Хернандез, сега тој ќе може да си побара клуб кој ќе му го понуди стартното место во тимот и да може да ги покаже своите квалитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП