ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на германското производство во јануари

Раст на германското производство во јануари

berger1

Индустриското производство во Германија во јануари е зголемено, пред се, благодарение на растот на производството во градежниот сектор.

Забележаниот јануарски раст на индустриското производство на најголемата економија во еврозoната изнесуваше 0,8 проценти, што е над очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа 0,7 проценти, пренесува Ројтерс.

Градежниот сектор во првиот месец од оваа година забележа раст од 4,4 проценти.

Во декември, индустриското производство порасна за 0,1 проценти, иако првичните проценки беа дека ќе биде регистриран пад од 0,6 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП