19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлвес заминува во Фиорентина, Куадрадо пристигнува во Барса!?

Алвес заминува во Фиорентина, Куадрадо пристигнува во Барса!?

barsa fiorentina

Интересна размена подготвуваат раководствата на Барселона и Фиорентина по завршувањето на светското првенство.

На „Камп Ноу“ се очекува да пристигне колумбиецот Хуан Куадрадо, а во спротивна насока ќе замине Даниел Алвес. Во оваа фаза единствената пречка за реализацијата на трансферот е големата плата на бразилскиот репрезентативец – 7 милиони евра, но од Барса се подготвени да му платат специјален бонус, за да ги намали своите побарувања во преговорите со „виолетовите“.

Идејата за привлекување на Дани Алвеш во Фиорентина е на тренерот Винченцо Монтела. Куадрадо пак е следен од неколку од најголемите клубови во Европа, меѓу кои и Баерн Минхен. Во оваа сезона колумбиецот има 4 гола на 20 натпревари во Серија „А“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП