20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда на Македонија во контролниот дуел со Летонија

Победа на Македонија во контролниот дуел со Летонија

makedonija-latvija

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ја совлада Летонија во пријателски натпревар одигран во Скопје.

На средбата одигран вчера на арената „Филип Втори“ во Скопје, пред околу 2.000 гледачи македонските фудбалери ја совладаа Летонија со 2:1.

Во 29-минута по акцијата на Иван Тричковски од десната страна и уфрлањето во противничкиот шеснаесетник, на висинското место се најде Јован Костовски за водство на Македонија од 1:0. Во 65-минута Летонија дојде до израмнување со автоголот на нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски.

Сепак во 72-минута по една несмасна интервенција на гостинската одбрана во сопствениот шеснаесетник, беше досуден пенал за Македонија, кој сигурно го реализира Агим Ибраими поставувајќи ги конечните 2:1 за нашата
репрезентација.

Овој натпревар беше и деби за новиот селектор на сениорите Бошко Ѓуровски кој ќе ја предводи Македонија во претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство кој Македонија ќе го започне против актуелниот европски и светски првак Шпанија на гостински терен со дуелот закажан за 8. септември годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП