19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ не се откажува од Пјаниќ

ПСЖ не се откажува од Пјаниќ

pjanic600

ПСЖ сака уште повеќе да се засили за следната сезона, а веќе некое време скаутите на овој клуб ги следат настапите на Миралем Пјаниќ, играчот на Рома.

Пред извесно време и тренерот на ПСЖ, Лоран Блан, го потврди интересот за босанскиот репрезентативец, а одредени медиуми веќе истакнуваат дека раководството на „светците“ наскоро ќе испратат понуда за Пјаниќ.

Овие приказни потекнуваат од информацијата дека Пјаниќ бил присутен на „Паркот на принцовите“ кога се играше натпреварот меѓу ПСЖ и Марсеј.

Инаку, екипата од Париз се обиде и во јануари да го доведе играчот на „волчицата“, но во тоа не успеаа поради превисоката цена која ја одредија челниците на Рома, кои бараа дури 55 милиони евра.

Пјаниќ за Рома досега постигна 4 гола и забележа 5 асистенции во 25-те настапи во оваа сезона во Серија А, а неговата Рома е се подалеку од титлута поради тоа што во саботата ремизираше со Интер (0:0), a лидерот Јувентус како гостин го совлада Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП