ПочетнаИНТЕРЕСНОВерати несака да си замине од ПСЖ

Верати несака да си замине од ПСЖ

marko verati kaö

Марко Верати ја изрази својата желба да остане во ПСЖ и во следната сезона, и покрај гласините кои продолжуваат да го поврзуваат со Јувентус.

Халфот постојано се споменува за трансфер во Торино, откако ја напушти Пескара во 2012-та заради ПСЖ, а според последните информации можно е тој да учествува во размената меѓу „парижаните“ и „старата дама“ за Пол Погба.

21-годишниот талент сепак не сака да ја напушти француската престолнина.

„Наредната сезона се уште ќе бидам во Париз. Во Франција сум многу среќен. Не зависи само од мене, но мојата намера е да останам“, вели младиот италијански репрезентативец.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП