ПочетнаКОМПАНИИЗа четири пати зголемен извозот на грозје кон Русија

За четири пати зголемен извозот на грозје кон Русија

grozjeizvoz

Македонија го зголеми за четири пати извозот на грозје на рускиот пазар, заземајќи го 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје, објавува бизнис порталот Росинвест.

Минатата година од Македонија во Русија се извезени 1.422  тони трпезно грозје, во вредност од 871 илјади евра. Од оваа количина повеќе од половина или 60 отсто се извезени само во октомври.

Претходно Македонија го заземаше 17. место на листата на земји од кои Русија увезува грозје.

Минатата година вкупната размена со Русија изнесуваше 393,5 милиони долари, од кои увоз е 360,3, а извозот 33,14 милиони долари.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП