28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилијамс потпиша со Петробраз

Вилијамс потпиша со Петробраз

williams-petrobras-f1

Тимот од Формула 1 – Вилијамс , потпиша долгорочен договор за партнерство со бразилската нафтена компанија Петробраз, соопштија од тимот.

Новиот спонзор доаѓа заедно со потпишувањето на бразилскиот пилот Фелипе Маса, кој ќе вози во новата сезона за Вилијамс.

Во Вилијамс очигледно имаат таква практика, бидејќи кога за нив возеше Пастор Малдонадо од Венецуела, спонзор им беше нафтена компанија од оваа земја – ПДСВА.

„Петробраз и Вилијамс со задоволство го прогласуваат продолжувањето на партнерството. Ние сме работеле и порано, па нема ништо ново. Петробраз нуди висококвалитетно гориво кое е преработено и е многу соодветно за нашите мотори“, се вели во официјалното соопштение на Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП