ПочетнаИНТЕРЕСНОМирко Сломка ќе го спасува Хамбургер

Мирко Сломка ќе го спасува Хамбургер

mirko slomka hamburger

Мирко Сломка ќе биде новиот тренер на бундеслигашот Хамбургер, соопштија агенциите.

Одборот на директори на клубот едногласно го одобри назначувањето на 46-годишниот германски стратег.

Сломка ќе биде претставен официјално како тренер на Хамбургер подоцна денеска, по што ќе го изведе тимот на првиот тренинг.

Сломка ќе потпише двегодишен договор со Хамбургер, кој ќе биде валиден и при испаѓање на тимот од Бундеслигата.

Во моментов Хамбургер е во зоната на испаѓање и до крајот на сезоната ќе се бори да го задржи своето место во елитата.

Мирко Сломка ќе го наследи Берт ван Марвијк, кој во саботата заработи отказ по серијата од седум последователни порази во првенството.

Сломка е поранешен тренер на Шалке 04, а во неговиот последен професионален ангажман беше на чело на Хановер, каде беше разрешен во декември.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП