петок, јануари 28, 2022
ПочетнаКОМПАНИИСтопанската Комора доби овластување да обучува меѓународни возачи и управители

Стопанската Комора доби овластување да обучува меѓународни возачи и управители

stopanskakomora2

Стопанската комора на Македонија(СКМ) е овластена да врши стручни оспособувања на возачи и управители во меѓународниот патен сообраќај, информира денеска на прес-конференција во Штип Митко Митевски, претставник од комората.

Според Митевски, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај сите возачи кои вршат превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај задолжително мора да поседуваат сертификат, што го издава Министерството за транспорт и врски. Токму Стопанската комора на Македонија, истакна, ќе посредува при стручно оспособување на возачите, но и докажување на управителите на ваквите фирми за нивната професионалност.

На обуките кои ќе ги организира Стопанската комора можат да се пријават и лица кои доправа планираат да вршат транспорт и превоз на патници низ меѓународните дестинации. Согласно Законот за патен сообраќај, возачите на секои пет години треба да ги обновуваат лиценците за меѓународен сообраќај. Околу 12.000 возачи од земјава, вршат транспорт надвор од границата на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП