24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го предупреди светот: Недопирајте ги нашите, да не ги земеме вашите!

ПСЖ го предупреди светот: Недопирајте ги нашите, да не ги земеме вашите!

France Soccer

Јасна порака беше испратена од страна на францускиот клуб до конкуренцијата, конкретно кон Манчестер Сити, кој се интересира за Блес Матуиди.

Финансиски повеќе од стабилни и безбедни, „светците“ имаат мали интереси и потреби за продажба на своите фудбалери. Особено не оние на кои смета тренерот Лоран Блан.

Токму во врска со тоа и пристигнува предупредувањето од страна на раководството на ПСЖ кое е насочено кон „граѓаните“ кои се интересираат за Матуиди.

Имено, на овој фудбалер на крајот на сезоната му истекува договорот, а тој од раководството побарал зголемување и дуплирање на платата за да ја продолжи верноста со клубот.

Оваа ситуација сакаше да ја искористи Манчестер Сити, обидувајќи се да го привлече во своите редови овој фудбалер, но доби сериозна порака од сопственикот на клубот, Насер Ал Келаифи.

„Не се плашам од Сити, па поради тоа тие мораат да знаат доколку допрат некој наш играч, ние ќе тргнеме во напад на нив и на нивните ѕвезди“, предупреди Ал Келаифи кој потенцираше дека со ова несака да го навреди раководството на Сити.

„Ги почитуваме сите клубови, но доколку некој се обиде да регрутира некој од нашите фудбалери ќе мора да одговара за последиците. Тоа што го говорам не важи само за Сити, туку и за останатите клубови кои сакаат да го купат Матуиди“, беше јасен сопственикот на ПСЖ.

Тој исто така ги демантираше вестите дека ПСЖ ќе се обиде да го доведе Меси.

Денеска клубот за 18:30 часот закажа вонредна прес-конференција на која би требало да биде претставен Кабај кој го купија од Њукасл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП