25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед преговара со конкуренти на „Најк“

Јунајтед преговара со конкуренти на „Најк“

man-united-kit

„Црвените ѓаволи“ не можат да се договорат со американската компанија во врска со новиот договор.

Англискиот шампион Мачестер Јунајтед преговара со неколку компании за спортска опрема, кои може да ги заменат „Најк“ како снабдувач на опрема за тимот. Договорот на „црвените ѓаволи“ со американската компанија истекува во 2015-та година.

Јунајтед започна преговори со „Најк“ за нов договор уште минатата година, но сепак двете страни се уште немаат најдено заеднички јазик. Од клубот потврдија дека водат разговори и со конкуренти на американската компанија.

Зделката меѓу Манчестер Јунајтед и „Најк“ на англискиот клуб му донесе профит од 38 милиони фунти од сезона 2012/13. Според британските медиуми , „црвените ѓаволи“ сакаат да добиваат по 60 милиони фунти годишно од новиот договор.

Инаку само за потсетување „Најк“ е официјален снабдувач на спортска опрема на тимот од Манчестер уште од 2002-ра година, а претходно „црвените ѓаволи“ двапати беа облекувани во дресовите на „Умбро“ (1945–1975 – 1992–2002) и по еднаш на „Адмирал“ (1975–1980)  и „Адидас“ (1980–1992).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП