28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКабај се сели во ПСЖ за сума од 24 милиони евра

Кабај се сели во ПСЖ за сума од 24 милиони евра

kabaj psg

ПСЖ не остана пасивен и во овој преоден рок. Сопствениците од Катар повторно го одврза ќесето и го договорија трансферот на Јохан Кабај од Њуксал 24 милиони евра.

Кабај беше играч број 1 на англискиот тим во последните две сезони, но во текот на летото капитенската лента му беше одземена поради сагата со негово инсистирање да биде продаден .

Првичниот предлог на „светците“ од 17 милиони евра беше одбиен од раководството на Њукасл, кои сакаа сума од 25 милиони евра. Па поради тоа заменик спортскиот директор во ПСЖ, Оливие Летанг итно замина на Островот, каде да го забрза финализирањето на зделката.

Кабај стана приоритетна цел за тренерот на ПСЖ, Лоран Блан по одбивањето на Рома да го продаде Миралем Пјаниќ. Овој трансфер најверојатно значи дека ПСЖ е подготвен да се раздели со Блес Матуиди, за кој се интерес има од страна на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Менаџерот на Њукасл Алан Пердју исто сакаше брзо реализирање на договорот, за да има време да привлече заменик за својот најдобар играч до затворањето на трансфер прозорецот во петокот.

Се очекува денеска Кабај да пристигне во Париз за да ги договори личните услови и да ги помине медицинските прегледи. Трансферот е повеќе од добар за Њукасл каде Кабај беше привлечен од Лил во 2011-та година за сума од 5,1 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП