18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи им го „украде“ Салах на Ливерпул

Челзи им го „украде“ Салах на Ливерпул

salax

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах е второто ново засилување на Челзи. Лондончани потврдија дека постигнале договор со Базел за трансферот на 21-годишниот фудбалер.

Англискиот клуб ќе плати 11 милиони фунти за правата на крилото, тврди „Sky Sports“.

Според медиумите на Островот трансферот на Салах е уште потврда дека Челзи сигурно ќе го продаде Хуан Мата на Манчестер Јунајтед во наредните денови.

Египќанец остави одличен впечаток во дуелот меѓу Базел и Челзи во Лигата на Шампионите. Швајцарскиот првак запиша две победи – со 2:1 во Лондон и со 1:0 во Базел. Салах постигна погодоци и на двете средби.

Салах е дете на египетскиот Ел Мокавлон, каде што започнува својата професионална кариера во 2010-та година. Две години подоцна тој беше донесен во Базел, откако постигна два гола во контролниот натпревар помеѓу Швајцарците и египетскиот национален тим до 23 години.

Крилото веднаш се вклопи во тимот на Базел, постигнувајќи 10 гола во 49 натпревари и беше со примарна заслуга за освојување на шампионската титула и достигнувањето до полуфиналето на Лига Европа. Во оваа сезона Салах има 10 погодоци во 18 средби во сите натпреварувања.

Египќанец беше главната трансфер цел на Ливерпул, но на крајот ја избра понудата на Челзи. Тој е второто ново засилување на „Стемфорд бриџ“ по српскиот фудбалер Немања Матиќ од Бенфика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП