19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПостигнат е договор за трансферот на Мата

Постигнат е договор за трансферот на Мата

mata utd

Раководствата на Челзи и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансферот на Хуан Мата во насока на „Олд Трафорд“, тврди авторитетниот новинар од „Ас“ и „Скај Спортс“, Гијом Балаге.

Според него од Челзи ја прифатиле понудата во вредност од 37 милиони фунти која беше испратена од страна на „црвените ѓаволи“, па така трансферот наскоро ќе стане реалност. Оваа информација е потврдена и од „Телеграф“.

Се очекува утре Мата да ги помине медицинските прегледи во Манчестер и официјално да го потпише договорот со „црвените ѓаволи“.

Тој ќе добие двојно повисока плата на „Олд Трафорд“, а досега во Челзи добиваше 70 илјади фунти неделно. Мата не учествуваше во тренингот на Челзи во средата и во клубот повеќе не очекуваат тој да се појави на тренинзите на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП