29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометната репрезентација на Македонија заврши на десеттото место на ЕП во Данска

Ракометната репрезентација на Македонија заврши на десеттото место на ЕП во Данска

iopopo

Со двоцифрен пораз 33:22 од актуелниот светски првак Шпанија, македонската ракометна репрезентација како десетто пласирана ги заврши настапите на 11.Европско првенство.

Македонија на овој натпревар настапи ослабена без повредените Кирил Лазаров и Дејан Пецаковски кои беа во составот, но не влегоа во игра.

Нашите ракометари одиграа добро во првите 15 минути и беа рамноправен противник по што следуваше серија од 6:1 на светскиот првак за највисоко водство од +5 (13:8) во 23.минута. До крајот на првиот дел „црвено-жолтите“ стигнаа до три негатива.

За само четири минути во второто полувреме Шпанците направија серија од 3:0 и се одлепија на шест голови разлика.

Во 42.минута беше 23:14, а предноста на „црвената фурија“ постојано се зголемуваше за да забележат на крајот победа со двоцифрена разлика.

Најдобар играч во македонскиот национален тим беше Филип Миркуловски со 7 реализации, Дејан Манасков и Стоилче Стоилов постигнаа по 4 погодоци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП