28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДанте: Нема да си заминам од Баерн

Данте: Нема да си заминам од Баерн

dante

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Данте, ги демантираше гласините дека се договорил за трансфер во Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми излегоа со информација порано денеска дека 30-годишниот дефанзивец има понуда од „црвените ѓаволи“, за која има намера да ја прифати.

„Можам само да кажам дека со сите преговори се занимава мојот агент. Во Баерн сепак сум среќен. Интересот од страна на Јунајтед ме радува, но нема ништо такво. Инаку следам Премиер лига и го почитувам Јунајтед, независно од состојбата во која се наоѓа во моментов“, изјави Бразилецот.

„Не сме се договориле со Јунајтед. Во моментов преговараме за нов договор со Баерн. На Данте му се допаѓа во Германија. Тој, сепак, е во тие години, во кои треба да потпише последен голем договор. Јунајтед го сакаше пред две години, но тогаш тој одбра да го облече дресот на Баерн“, изјави пак агентот на фудбалерот Маркус Марин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП