20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродадени повеќе од две третини од билетите за ЗОИ во Сочи

Продадени повеќе од две третини од билетите за ЗОИ во Сочи

soci

На две недели до почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, организаторот излезе со информација дека веќе се продадени повеќе од две третини од билетите, а се очекува до почетокот на Игрите сите слободни места да бидат распродадени.

Билетите се продаваат добро, а најбарани се за хокеј, биатлон, уметнички лизгање, сноуборд и акробатски скијање.

До сега продадени се околу 70насто, а наскоро ќе биде отворена нова благајна по што очекуваме поголема побарувачка во последните денови до почетокот на големиот спортски настан.

Се надеваме дека сите места во гледалиштата ќе бидат исполнети, соопштија од Организацискиот комитет на Олимпијадата во Сочи.

Според информациите објавени во руските медиуми во продажба се пуштени околу милион билети, што значи дека веќе се распродадени 700 илјади.

Процентуално гледано на претходните Зимски игри во Ванкувер (Канада) 2010 година биле продадени 97 насто, исто како и на летната Олимпијада 2012 година во Лондон (Англија).

Како главна потенцијална пречка за достигнување на ваквата присутност во Сочи се наведува загриженоста за безбедноста во овој руски град поради заканите за терористички напади.

Цените на билетите за ЗОИ во Сочи се движат од 15 до 1.200 американски долари.

Олимпијадата ќе се одржи од 7 до 23 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП