ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на најголемата саемска манифестација во Кина

Презентација на најголемата саемска манифестација во Кина

stopanskakomora

Стопанската комора на Македонија за македонските компании организира презентација на најголемата саемска манифестација во Кина „115th China Import and Export Fair – Canton Fair 2014”.

Презентацијата ја организиира во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија со цел да ги запознае компаниите со годинашниот саем, кој е прогласен за „Кинески саем број 1″, кој се одржува на изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови.

Целта на презентацијата во Стопанската комора на Македонија е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од посета или настап на саемските манифестации во Гуангжу, кои ја отвораат вратата за промовирање на македонското стопанство не само во провинцијата Гуангдонг, туку и пошироко на пазарите на НР Кина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП