19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрикови кои не тераат да трошиме повеќе

Трикови кои не тераат да трошиме повеќе

Melody Beltran, Carlos Padilla

Веќе е познато дека речиси секоја продавница или малопродажен ланец има скриени и суптилни, но многу успешни техники кои не наведуваат на прекумерно трошење на пари.

Меѓутоа, додека огледалата кои ве прават послаб и големите колички за пазарење се веќе добро познати техники, некои трикови се уште се многу добро скриени.

Ви се случило да купите некои работи што не сте ги планирале, а откако ќе заминете од продавницата да се запрашате зошто сте го направиле тоа?

Виновни за таквите акции најверојатно се некои од овие техники кои продавниците многу често ги користат за да се убедат купувачите да трошат повеќе.

 

Трик : Мек тепих во вашата омилена продавница

Стоењето на мек тепих ги прави предметите во продавницата поубави и поудобни, особено во комбинација со пригушено светло, отколку истите тие предмети да ги видите додека стоите на тврда површина.

Всушност, со стоењето на мека подлога се менува перцепцијата, па на пример мебелот или опремата за домаќинство изгледаат многу поубаво и поудобно.

Од друга страна пак, поплочен под со мали нерамни плочки предизвикува повеќе бучава додека ја туркате количката, што ве наведува да забавите и се разбира, повеќе да купувате. Мазните подови без триење исто така ни делуваат сосема несвесно, не влечат спрема внатрешноста со чувство на леснотија и не наведуваат да го купиме она што не сме го планирале.

 

Трик : Мирисот на лимон, бор и други едноставни мирис

Секој кој влегол во пекарница и го осетил мирисот на свеж леб, знае за тоа како мирисот може да влијае на одлуката за купување. Сепак, факт е дека не е секој пријатен мирис воедно и „комерцијално инспиративен“.

Според истражувања на експерти, доколку во продавницата е распространет пријатен мирис, купувачот е подготвен да потроши до 20 проценти повеќе пари, но само ако мирисот е многу едноставен, а не сложен.

На пример, едноставен мирис на портокал, лимон или бор се покажал како многу поефикасен од мешавина на мириси од бор, босилек и зелен чај.

 

Трик: Песната од Адел Turning Tables

Поп-рок песните кои се со релативно бавно темпо не наведуваат повеќе да купуваме и да трошиме. Како што откриле експертите, потрошувачите се спремни да потрошат и до 12 отсто повеќе пари доколку во продавницата свират помеки и понежни песни. Побавните песни успеваат да го забават клиентот, а малку меланхоличните и тажни песни изнудуваат потреба за подобрување на расположението – и тоа токму со шопинг.

 

Трик: Допирање сјајни, мазни и нови „играчки за возрасни“, како што е новиот iPhone

Ако имате шанса да допрете сјајни нови гаџети, уште повеќе ќе ги сакате. Според експертите, секој допир на предмети кои навистина ни се допаѓаат, или просечно ни се допаѓаат, не прави поврзани со нив и создава чувство на сопственост.

Покрај тоа, по допирањето на некои објекти, многу полесно ќе се согласиме за повисока цена, бидејќи имаме чувство дека истиот вреди повеќе.

 

Трик : Продавач кој ви кажува дека не сте обврзани да купите нешто

Обратете внимание кога продавачот ви вели дека дефинитивно треба да го купите овој раскошен ѓердан, но не сте обврзани. Односно трикот е во зборовите „не сте обврзани“.

Научните истражувања покажуваат дека употребата на фразата „не сте обврзани“ шансите за купување се дуплираат. Причината зошто таа фраза  толку многу „пали“ е фактот дека кога продавачот ја нагласува слободата на купувачот и дека нема обврска да купува, тоа всушност наведува на купување, и тоа е чиста обратна психологија .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП