25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите подготвуваат понуда за Кавани

Ѓаволите подготвуваат понуда за Кавани

kavani man utd

Манчестер Јунајтед е подготвен да упати понуда за напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани во текот на летото.

Уругваецот беше посакуван од Дејвид Мојс и пред почетокот на сезоната, но тогаш тој се откажа од трката за него, за да се насочи во побарувачката на халф и лев бек. Сепак, сега Шкотланѓанецот повторно го свртел погледот кон поранешниот голгетер на Наполи.

Според информациите на „Дејли мејл“ поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“, сер Алекс Фергусон се поврзал со тренерот на ПСЖ, Лоран Блан за да го праша за можността за привлекување на Кавани во насока кон „Олд Трафорд“.

Франзцузинот изјавил дека нема никакви шанса да се раздели со овој играч во зимскиот преоден рок, но во текот на летото е подготвен да размисли, доколку пристигне евентуален предлог.

Исто така, во последно време се појавија гласини дека Кавани не е многу среќен од животот во Париз и дека има желба да ја смени средината, па сличен трансфер во насока кон „Олд Трафорд“ и не е воопшто невозможен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП