28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи бара од Јунајтед 40 милиони фунти за Мата

Челзи бара од Јунајтед 40 милиони фунти за Мата

tama mata

Лондонскиот клуб Челзи објави дека полудефанзивецот Хуан Мата вреди 40 милиони фунти, а ова „сините“ го сторија откако Манчестер Јунајтед го обнови својот интерес кон шпанскиот репрезентативец. Плејмејкерот не се најде во плановите на менаџерот Жозе Мурињо и е решен да го напушти „Стемфорд Бриџ“ уште во текот на зимата.

Иако двата тима се директни конкуренти за првите места во Англија, раководството на „сините“ од Лондон е подготвено да му овозможи на Мата да премине на „Олд Трафорд“, но само ако „црвените ѓаволи“ ја платат бараната сума.

Ако раководството на Јунајтед ја плати сумата ќе го собори трансферниот рекорд на клубот, кој до овој момент го држи Димитар Бербатов. Бугаринот беше доведен на „Олд Трафорд“ за сума од 30,7 милиони фунти.

Според извори во Англија, Дејвид Мојс располага со доволно средства за трансфери и покрај разочарувачките настапи на тимот од почетокот на сезоната. Проблем при зделката може да биде фактот дека Челзи се уште има интерес кон Вејн Руни, но од Јунајтед цврсто одбиваат да се разделат со напаѓачот.

По се изгледа дека Мата наскоро ќе си замине од Лондон. Тој последен пат играше за Челзи на 1-ви јануари против Саутемптон и оттогаш не ја добива довербата на менаџерот Мурињо. По натпреварот португалскиот стратег сподели дека „вратата е отворена“ за секој кој сака да го напушти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП