29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЊукасл го продава Кабај на ПСЖ за 21 милиони фунти

Њукасл го продава Кабај на ПСЖ за 21 милиони фунти

njukasl igrac

Англискиот премиерлигаш Њукасл постигнал договор со францускиот ПСЖ за трансфер на Јоан Кабај, тврдат француските медиуми.

Според „Канал + “ двата клуба се договориле за договор од 21 милиони фунти, но трансферот зависи од привлекувањето на Реми Кабела од Монпелје во составот на англичаните.

28 -годишниот Французин беше трансферна цел на лондонски Арсенал во текот на летото, но „топчиите“ беа одбиени за цената на Кабај, во износ од 20 милиони фунти.

Менаџерот на Њукасл, Алан Пердју изјави во саботата дека се чувствува загрижен од можноста да го загуби Кабај за време на трансферниот прозорецот, но ја наметна идејата дека секој фудбалерот има своја цена.

По победата на Њукасл над Вест Хем со 3:1 тренерот рече: „Како и во сите клубови од Премиер лигата, секој се продава за некаква цена. Свесни сме дека имаме добар тим и сакаме да го зачуваме во целост, бидејќи не сме многу далеку од тимовите во топ седум во оваа сезона“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП