20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена Вилијамс постави рекорд на Австралија Опен

Серена Вилијамс постави рекорд на Австралија Опен

serena-william

Американката Серена Вилјамс е тенисерката со најмногу победи во поединечна конкуренција на Грен слемот Австралија Опен, откако денеска ја совлада Даниела Хантукова (Словачка) со 2:0 – по сетови 6:3 и 6:3 и се пласира во осминафиналната фаза.

За Вилијамс ова беше 61. победа во 16-годишното учество на овој престижен тениски турнир.

До денес рекордот го држеше Маргарет Корт со 60 победи.

Противничка на американската тенисерка во осминафиналето ќе биде подобрата од мечот Саманта Стосур (Австралија) – Ана Ивановиќ (Србија) кој е во тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП