ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија

Компании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија

ceska koli

Глобални компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија со цел да ги финализираат преговорите за изградба на свои фабрики во земјава.

Ова, како што соопшти Дирекцијата за Технолошко индустриски зони, е најавено на средбите што директорот на Дирекцијата Виктор Мизо ги оствари на „Automotive News World Congress“, кој се одржува во Детроит за време на „NAIAS“ – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка.

Станува збор за американски и европски компании производители на автомобилски делови со кои се разговара за потенцијални инвестициски проекти во слободните економски зони во Македонија. Средбите беа остварени на националниот штанд на кој беше претставена Македонија.

На конференцијата присуствуваат претставници на најголемите автомобилски компании во светот, како и директори на глобалните компании за производство на автомобилски делови. Освен Македонија, со свои штандови се претставија и Мексико, Тексас, Лузијана, Вирџинија и Џорџија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП