29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродолжува соработката помеѓу Јуве и Пирло

Продолжува соработката помеѓу Јуве и Пирло

pirlotaaa

Плејмејкерот на Јувентус Андреа Пирло потпиша нов договорот со „старата дама“, информира „Газета дело Спорт“.

Новиот договор на италијанскиот репрезентативец со актуелниот шампион во Серија А е до 2016-та година, па така ветеранот повеќе нема да размислува каде ќе ја продолжи кариерата по Светското првенство во Бразил во текот на летото.

Според информациите Пирло ќе заработува по 4 милиони евра по сезона, а во неговиот нов договор со Јуве се вклучени и различни парични бонуси, кои ќе може да ги добие при соодветен број на голови, асистенции и друго.

Се очекува од италијанскиот шампион да ја потврдат официјално веста по дербито со Интер кое е закажано на 2-ри февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП