20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо најдобар фудбалер за 2013 година

Кристијано Роналдо најдобар фудбалер за 2013 година

ronaldo

Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер за изминатата 2013 година, во изборот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

На церемонијата одржана вечерва во Цирих, ФИФА го прогласи фудблерот на Реал Мадрид за најдобар во 2013-тата, во конкуренција на големиот ривал Лионел Меси од Барселона и Франк Рибери од Баерн Минхен.

Ова е втор пат Роналдо да биде прогласен за најдобар во светот откако првото признание „Златна топка“ го доби 2008 година.

Португалецот признанието го доби од бразилската легенда Пеле, најдобриот фудбалер на сите времиња според ФИФА, кој денеска стана почесен носител на „Златната топка“.

За најдобра во женска конкуренција беше прогласена репрезентативката на Германија Надин Ангерер, а нејзиниот сонародник Јуп Хајнкенс, кој со Баерн Минхен минатата година освои три титули меѓу нив и Лигата на шампионите, беше прогласен за најдобар тренер за 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП