20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДресови со пораки за успех за ракометарите

Дресови со пораки за успех за ракометарите

prva

Вистинските навивачи на македонскиот ракометен тим предводени од СКОПСКО и Пивара Скопје со пораки за добар настап и успех ги испратија репрезентативците на Европскиот шампионат во Данска што започнува на 12-ти јануари и ќе трае до 26-ти овој месец.

FOTO

Пораките од вистинските навивачи беа испишани на дресовите кои специјално за оваа намена беа изработени за секој член на репрезентативниот тим. Заедно со дресовите, секој од ракометарите доби и специјално СКОПСКО со персонализирана етикета, како спомен за учеството на 11-тиот собир на најдобрите ракометни репрезентации на европскиот континент.

„Вие сте веќе наши херои; Оставете го срцето на теренот, а ние ќе бидеме со вас до последен здив; Еден–по-еден до нова сензација“…, се само дел од пораките испишани на дресовите на ракометарите од навивачи од сите краеви на земјата.

FOT

– Им благодариме на СКОПСКО и на навивачите. Среќни сме и горди што имаме вакви вистински и верни пријатели и поддржувачи. Тие ни ја даваат најголемата сила и желба за успех. Останува да покажеме, со срце и душа, дека сме достојни за огромната доверба што ја добиваме“, изјави членот на репрезентацијата Стојанче Стоилов, во име на сите свои соиграчи.

Изработката на специјалните дресови со потписи и пораки од навивачите е само дел од активностите со кои се потврдува поддршката на СКОПСКО и Пивара Скопје на македонскиот ракомет, која во континуитет трае повеќе од три децении и претставува најдолготрајна поддршка на овој спорт во Република Македонија.

FO

Соработката на СКОПСКО со Ракометната Федерација на Македонија е пример за вистинско и пред сѐ искрено партнерство меѓу еден од најсилните македонски брендови со 90-годишна традиција и еден од најуспешните екипни репрезентативни спортови во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП