24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал сака да го врати Раул!

Реал сака да го врати Раул!

perez_florentino_raul

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез сака легендата на шпанскиот клуб Раул Гонзалес да се врати во клубот.

Според информациите на шпанските медиуми Перез ја искористил посетата на Реал Мадрид во Катар за да разговара со Раул. Перез му понудил конкретна позиција во клубот на Раул.

За сега точната позиција не се прецизира, но по една година Раул можеби ќе добие место и во тренерскиот штаб на „кралевите“.

Раул, кој во моментов настапува за катарскиот Ал Сад, играше на „Бернабеу“ од 1994-та до 2010-та година. Тој потоа замина во Шалке 04 од каде се пресели во Ал Сад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП