19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Мундијалот во Катар нема да се игра во лето

ФИФА: Мундијалот во Катар нема да се игра во лето

qatar

Светската фудбалска асоцијација – ФИФА и официјално соопшти дека Мундијалот во 2022 година што треба да се одржи во Катар нема да се игра во текот на летото.

Ова денеска го потврди генералниот секретар на ФИФА Џером Валке.

– Натпреварите на Светското првенство 2022 нема да се играат во јуни или јули. Тие ќе се случуваат во периодот помеѓу 15 ноември најдоцна до 15 јануари, изјави Валке.

Околу терминот на одигрување на СП во Катар се водеа многу полемики, но преовлада мислењето летниот период да биде избегнат поради екстремно високите температури што владеат летните месеци во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП