25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдињо ги добил десетте барања за договор со Бешикташ

Роналдињо ги добил десетте барања за договор со Бешикташ

ronaldinjo_lopta_barsa_prst

Турските медиуми објавија информација според која бразилскиот фудбалер Роналдињо потпишал за Бешикташ, откако клубот од Истанбул се согласил да му ги исполни десетте барања поставени како услов за негов трансфер во градот на Босфорот.

Барањата на Роналдињо и неговиот менаџерски тим се:

1. Годишна плата во висина од шест милиони евра.
2. Одреден процент од заработката од продажба на дресови со неговото име.
3. Премии и бонуси за освоени трофеи.
4. Девет авионски карти во текот на годината за неговото семејство.
5. 24-часовно располагање на автомобил и возач со платени трошоци за гориво.
6. Платени куќни помошници.
7. Платен телефон.
8. Бонуси во случај на доцнење на платата.
9. Можност за напуштање на клубот по една година.
10. Право на задржување на личните спонзори.
Триесет и тригодишниот Роналдо де Азис Мореира со скратено име Роналдињо во досегашната кариера има настапувано за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан и Фламенго. Ако се потврдат како точни информациите од Турција, Бешикташ ќе биде шести негов клуб и четврти европски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП