16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдињо на чекор од Бешикташ

Роналдињо на чекор од Бешикташ

roni besiktas

Раководството на Бешикташ сака да ги изарадува навивачите на тимот со скап новогодишен подарок.

„Црните орли“ се во напредни преговори со агентите на суперѕвездата Роналдињо и според печатот во Турција уште на 1-ви јануари трансферот може да стане реалност. Од Бешикташ се подготвени да дадат 7 милиони евра, а со тоа во својот состав да го имаат светскиот шампион од 2002-та година.

Истанбулскиот гигант веќе имаше два неуспешни обиди да го привлече бразилскиот волшебник, но овој пат шансите да се дојде до договор се огромни. Во моментов, Роналдињо е фудбалер на Атлетико Минеиро со кој пред неколку дена дојде до третото место на светското клубско првенство.

Во својата кариера Роналдињо настапуваше за екипите на Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан и Фламенго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП