24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо е најефикасниот играч во 2013-та (видео)

Кристијано Роналдо е најефикасниот играч во 2013-та (видео)

Cristiano-Ronaldo-2013

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е најефикасниот играч на изминатата година во светскиот фудбал. Во календарската 2013-та, 28-годишниот Португалец реализира најмногу погодоци во сите натпреварувања – 69, пренесува шпанското издание „Marca“.

Од јануари до декември за составот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо постигна 38 гола во Примера , 15 во Лигата на шампионите и уште 6 во Купот на кралот.

За националниот тим на Португалија ѕвездата на Реал Мадрид има дадено 10 погодоци.

Зад Роналдо се најде Златан Ибрахимовиќ кој во 2013-та година постигна 47 гола, по него е Лионел Меси кој се запиша 45 пати, а Луис Суарез забележа 42 погодоци.Уругваецот Единсон Кавани ги тресеше противничките мрежи 41. пати.

Интересно е дека според оваа компонента, Критсијано Роналдо е многу пред останатите двајца претенденти за Златната топка – Лионел Меси (45) и Франк Рибери (23).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП