24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапело се договори за нов договор со Русија

Капело се договори за нов договор со Русија

kapeloo

Селекторот на Русија, Фабио Капело се договори со фудбалската федерација на оваа земја за нов договор кој ќе биде потпишан по божиќните и новогодишните празници.

„Капело замина за Италија за божиќните празници. По неговото враќање ќе биде закажан датум за потпишувањето на неговиот нов договор. Прашањето околу договорот е веќе решено“, објави задоволно Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко.

67- годишниот стратег го презеде рускиот национален тим во текот на летото на 2012-та година и успеа да го пласира на Светското првенство во Бразил кое ќе се одигра следното лето од 12-ти јуни до 13-ти јули.

„Зборнаја“ на Мундијалот е во иста група со Алжир, Јужна Кореа и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП