19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола убедливо најплатен, Мурињо зад него

Гвардиола убедливо најплатен, Мурињо зад него

murino pep

Бразилската бизнис компанија „Pluri Consultoria“ на својата веб-страница ја објави листата на 30-те најдобри платени тренери во фудбалот во целиот свет.

Најголема е годишната плата на шпанскиот тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола – 17 милиони евра. Пеп зема многу повеќе од вториот на листата – Жозе Мурињо. Португалскиот менаџер на Челзи заработува 10.030.000 евра годишно.

Многу блиску до него на третата позиција е Италијанецот Марчело Липи, кој е на чело на кинескиот клуб Гуангжоу. Надоместокот на Липи е точно 10 милиони евра. Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е четврти со 8.260.000, а петти и шести се уште двајца Италијанци – селекторот на Русија Фабио Капело ( 7.800.000 ) и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ( 7.500.000 ).

Топ 10 се дополнува со шкотскиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ( 5.900.000 ), тренерот на Барселона Херардо Мартино ( 5.400.000 ), тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп ( 4.300.000 ) и менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини ( 4.165.000 ).

Вистинско изненадување е присуството во рангирањето на Жорже Жезус ( Бенфика ) и Мирчеа Луческу ( Шахтјор Донецк ), но најголемиот шок е 13 -тото место на … Сем Алардајс. Менаџерот на Вест Хем ја дели 13 -тата позиција со селекторот на Англија, Рој Хоџсон, а двајцата заработуваат по 3.540.000 евра годишно.

treneri-pari

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП