20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар - Металург за крај на 2013 година во СЕХА лигата

Вардар – Металург за крај на 2013 година во СЕХА лигата

metalurg

Македонските претставници во СЕХА лигата Вардар и Металург попладнево (почеток 17:45 часот) ќе го играат последниот натпревар во оваа календарска година во ова натпреварување.

По овој дуел поради подготовките и Европското првенство во Данска во јануари 2014 година ќе има пауза и шампионатот ќе продолжи кон крајот на следниот месец.

Дуелот Вардар – Металург е од 10.коло, но поради настапите во Лигата на шампионите беше одложен. Првиот натпревар во СЕХА лигата оваа сезона заврши нерешено 28:28.

На средбите во Лигата на шампионите и двете екипи постигнаа по една победа, а и овој натпревар како и претходните три ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Во ланската сезона од СЕХА двете екипи победуваа на свој терен, но тогаш натпреварите ги играа во „своите“ сали
во СРЦ Кале и во Автокоманда, додека полуфиналето од СЕХА лигата го доби Вардар со 22:21.

Исходот од резултатот на денешниот натпревар нема да донесе промена на пласманот на табелата, но со евентуален триумф „црвено-црните“ ќе бидат многу блиску до пласман на завршниот турнир.

За Металург победа ќе значи одлепување во однос на конкурентот за четвртото место во моментов Мешков Брест.

Табела: Загреб КО 31 бод, Татран Прешов 30, Вардар 25, Металург 19, Мешков Брест 18, Војводина 12, Нексе 11, Ловќен 11, Борац 9, Партизан 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП