Анализата за состојбата на пазарот со труд на Институтот за економски анализи и политики Finance Think покажува дека дури 11,8 отсто од вработените во земјва се дел од неформалната економија. За податоците да бидат посериозни, наодите на Институтот водат до таму што доколку се исклучат работниците кои работат неплатено или се во категоријата семејни земјоделски работници тогаш пресметката вели дека нивната улога во сивата економија е низок. Но алармантен е податокот кој вели дека тоа всушност е висока бројка или околу 6 проценти од вкупниte вработените се на црно.
Како најалармантен податок е тоа што над 51 процент во дејноста земјоделство работи на црно или е дел од сивата економија. Со 16 проценти на второ место се градежните фирми или самите градежни работници, бидејќи за вакво дејание се потребни двајца, како газдата така и работникот. Во секторот трговија на големо и мало неформално вработени се 10 проценти од вкупнуот број на работници. Во неколку области од економијата експертите од Finance Think забележале дека има идентичен број на вработени за кои не се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување и тоа во сместувачките капацитети, административните дејности, и останати услуги со стапка на сива економија од 3 отсто.
Од институтот велат дека борбата со сивата економија бара, со поголем фокус надлежните да влезат во решавање на оваа проблематика. Додаваат дека, подолго време во јавниот дискурс циркулираат наоди за големината на сивата економија, според кои таа се движи од 20 до 40% од вкупната економија, меѓутоа овој податок сам по себе е неупотреблив, ако не се знаат формите во кои таа се појавува, со цел да се дизајнираат конкретни и целни мерки за нејзиното сузбивање.
“Студија се фокусира врз два аспекти, и тоа непријавената работа и нецелосното прикажување на доходот кај домаќинствата. Притоа, треба да се забележи дека непријавената работа се јавува во две форми: целосно непријавена работа како неформални работници или популарно „работници на црно“, и нецелосно пријавена работа, односно формални работници кај кои дел од доходот или некој друг аспект не се формализирани и чија најчеста форма е „плата во плико“, односно надополнување на формално-примената плата со плата исплатена во готовина. Наодите се следни. Неформалните работници во Северна Македонија сочинуват 11.8% од вкупно вработените лица, но половина од нив се концентрирани во земјоделството, од кои доминантен дел се неплатени семејни работници. Други два важни сектори за неформалните работници се градежништво и трговија. Тие обично работат во мали фирми, функционирајќи како самовработени лица или неплатени членови на семејството, често заработувајќи плата под минималната. Овој вид работници претежно се мажи со низок степен на образование, освен кај неплатените семејни работници кадешто доминираат жени“, стои во истражувањето на Finance Think.
Проценките покажуваат дека нецелосно пријавената работа е далеку позначајна и пообемна отколку целосно непријавените работници. Таа претставува 21.1 процент од вкупниот инпут на труд или 69.7 милијарди денари од бруто додадената вредност. Тоа се, околу 250 милиони евра изгубен годишен приход во буџет, само по таа основа. Што се однесува до нецелосно пријавените приходи во домаќинствата, анализата истакнува драматични разлики меѓу видовите приходи. Вкупно, 158 милиони евра остануваат непријавени. Приходите од вработување имаат минимална улога, со само 3.7 проценти непријавени приходи, но во апсолутна смисла околу 6. 111 милиони евра.
И.П



