ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСаемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 ги носи најдобрите понуди на едно...

Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 ги носи најдобрите понуди на едно место

Од 29 до 31 октомври во Т Арената – С.Ц. Борис Трајковски, на Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 посетителите ќе можат директно да се информираат за станови и деловни простори во Македонија, Грција, Албанија и Словенија, но и за новите енергетски трендови и технологии претставени на Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА.

Од 29 до 31 октомври, Т Арената – С.Ц. Борис Трајковски, во Скопје ќе стане место каде што посетителите ќе можат за само три дена да откријат нови идеи, да споредат понуди за нови станови, да разговараат директно со компании и да пронајдат конкретни можности за купување, инвестирање, соработка или развој. Годинава, Саемот за енергетика и технологија ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе се одржат заедно, создавајќи атрактивен саемски простор за сите што сакаат одблиску да ги видат најновите трендови во индустријата, технологијата, енергетиката, градежништвото и недвижностите.

За посетителите, овие два саеми се можност на едно место да добијат информации што инаку би барале многу време, состаноци и пребарување. Наместо одвоени средби и долги споредби, тие ќе можат директно да се информираат за понудите, да постават прашања, да добијат совети од претставници на компаниите и да добијат појасна слика за тоа што моментално нуди пазарот.

РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе биде особено привлечен за сите што размислуваат за купување стан, бараат нов дом, планираат инвестиција или сакаат навреме да ги споредат можностите на пазарот. На едно место ќе биде претставена широка понуда на станови од повеќе компании, со проекти во земјава, но и со атрактивни понуди во Грција, Албанија и Словенија. Посетителите ќе имаат можност директно да разговараат со претставници од компаниите, да добијат детални информации за локации, услови и рокови, како и полесно да ги споредат различните опции пред да донесат одлука.

На саемот ќе усчествуваат повеќе компании меѓу нив и Golden Art кои истакнуваат: Oвој настан претставува одлична можност директно да се сретнеме со нашите сегашни и идни клиенти, да ги претставиме нашите актуелни и идни проекти, но и одблиску да ги слушнеме нивните потреби, желби и очекувања кога станува збор за изборот на нов дом или деловен простор. За нас, ваквите настани имаат особено значење бидејќи овозможуваат непосредна комуникација со посетителите и создаваат простор за размена на информации, идеи и искуства. Веруваме дека личниот контакт е важен дел од процесот на избор на недвижност, особено кога станува збор за една од најзначајните животни одлуки – изборот на сопствен дом. Саемот за недвижности е и место каде на едно место се среќаваат понудата, побарувачката, новите трендови и развојот на секторот. Токму затоа очекуваме квалитетни средби, нови контакти и голем интерес за проектите на Golden Art, но и можност посетителите детално да се информираат за сè она што го нудиме. Во изминатите години континуирано работeвме на создавање современи станбени и деловни простори, при што посебно внимание посветуваме на квалитетот на изведбата, функционалноста, современите архитектонски решенија и потребите на луѓето кои ќе живеат и работат во нив. Токму овие вредности сакаме да ги доближиме до посетителите на Саемот. Очекуваме Саемот за недвижности 2026 да биде уште една можност да ја зајакнеме довербата што ја градиме со нашите клиенти, да воспоставиме нови партнерства и да ги претставиме проектите кои се дел од понатамошниот развој на Golden Art.

Меѓу изложувачите повторно ќе биде и Еуро Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид, компанија со речиси 15 години искуство во градежниот сектор и реализирани современи станбени и деловни проекти во Охрид и Скопје. По успешното прво учество, компанијата на РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе го претстави своето портфолио, визијата и стандардите по кои е препознатлива, со посебен фокус на најновиот проект „Вардар“ во Скопје. Од компанијата истакнуваат дека учеството е можност за воспоставување нови деловни контакти и партнерства, како и за директно запознавање на потенцијалните клиенти и инвеститори со нивните проекти и можности, водени од пораката: „Градиме квалитет. Создаваме вредност.“

Паралелно, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе донесе увид во нови технологии, решенија за енергетска ефикасност, автоматизација, роботика, ИКТ, машинство и одржливи индустриски практики. Така, посетителите ќе добијат поширока слика за тоа како современите технологии, енергетиката и недвижностите се поврзуваат во создавањето подобри услови за живеење, работа и инвестирање.

За компаниите и изложувачите, саемите нудат можност да бидат видливи пред публика со реален интерес, да ги претстават своите проекти и услуги, да остварат B2B средби и да изградат нови партнерства. За посетителите, пак, тоа значи побрз пристап до релевантни информации, повеќе избор и директна комуникација со оние што стојат зад понудите и решенијата.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде што посетителите ќе можат да видат, прашаат, споредат и одберат — директно, практично и на едно место.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ