ПочетнаКОМПАНИИ„Nvidia“ одобри рекорден откуп на акции за 150 милијарди долари

„Nvidia“ одобри рекорден откуп на акции за 150 милијарди долари

„Nvidia“ ја зголеми својата програма за откуп на сопствени акции за 150 милијарди долари, надминувајќи го зголемувањето од 110 милијарди долари што „Apple“ го направи во 2024-та година. Со тоа компанијата го забележа најголемото зголемување во историјата на програмите за откуп на сопствени акции.

Дополнителното одобрение го зголемува преостанатиот капацитет на „Nvidia“ за откуп на сопствени акции на 235 милијарди долари, а компанијата очекува програмата да продолжи до крајот на фискалната 2028-ма година, бидејќи растечката побарувачка за обука и извршување на заклучоци во областа на вештачката интелигенција го поттикнува генерирањето готовина.

Акциите на „Nvidia“, со седиште во Санта Клара, Калифорнија, поскапеа за 0,8 отсто во претпазарното тргување, откако претходно нивната цена се зголеми за до 1,8 отсто. Нивната вредност годинава порасна за повеќе од 20 отсто до затворањето на берзата во петокот.

„Генерирањето готовина ни овозможува да инвестираме во технологиите што ја поттикнуваат оваа трансформација, а истовремено да им вратиме капитал на акционерите“, изјави главниот извршен директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг.

Минатиот месец „Nvidia“ прогнозираше раст на приходите од околу 70 отсто во фискалната 2028-ма година, со што ги смири инвеститорите кои се прашуваа колку долго може да продолжи растот на трошоците за вештачка интелигенција по години на експлозивен раст.

Компанијата инвестира и во стартапи од областа на вештачката интелигенција и во даватели на облачни услуги, што кај дел од инвеститорите отвори прашања дали таквото финансирање индиректно ја поддржува побарувачката за нејзините сопствени чипови.

„Nvidia“ го заврши тримесечјето во јули со 22,44 милијарди долари во готовина и парични еквиваленти.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ