„Volkswagen“ потврди дека целосно новиот електричен „SUV“ ќе го носи името „ID. Tiguan“ и ќе ги замени досегашните модели „ID.4“ и „ID.5“.
Премиерата е закажана за почетокот на октомври, по неколкумесечни најави и тестирања на прототипот.

Новата стратегија значи дека „Volkswagen“ повеќе не сака електричните модели целосно да ги одвојува со различни имиња од автомобилите со мотори со внатрешно согорување.
Сличен пристап веќе е применет кај моделот „ID. Polo“.

„ID. Tiguan“ ќе се продава паралелно со класичниот „Tiguan“, а на европскиот пазар ќе пристигне на почетокот на 2027-ма година.
Ќе се нуди и во Северна Америка, но подоцна.
Дизајн поблизок до класичниот „Tiguan“

За разлика од моделите „ID.4“ и „ID.5“, кои имаа целосно поинаков изглед од останатите SUV модели на „Volkswagen“, новиот „ID. Tiguan“ визуелно ќе биде многу поблизок до верзијата со мотор со внатрешно согорување.
Прототипот има тесни LED светла, дневни светла, црна долна маска и отвори за воздух на краевите од браникот.
Тука се и кровните носачи, помасивните рачки на вратите и ретровизорите поставени на поинаква позиција.
На задниот дел се изменети браникот, капакот на багажникот и задното стакло.
„Volkswagen“ прикажа и две верзии на прототипот со различни решенија на предниот дел, но деталите за разликите меѓу нив сè уште не се познати.

Поголема и поефикасна батерија
„ID. Tiguan“ би требало да ја користи унапредената MEB+ платформа. Актуелниот „ID.4“ е достапен со батерии со капацитет од 58 и 79 kWh, додека кај новиот модел се очекуваат поголеми и поефикасни батерии.
Директорот на „Volkswagen“, Томас Шефер, порача дека „ID. Tiguan“ треба да ги пренесе карактеристиките на популарниот „Tiguan“ во електричната ера, со попространа кабина, поквалитетен дизајн, поедноставно управување и нови технологии.
Новиот модел така ќе претставува електрична алтернатива на класичниот „Tiguan“, наместо целосно одделен модел со поинакво име.



