Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2026 година изнесува 4,67%,што претставува пад од 0,01 п.п. и 0,23 п.п., на месечна и годишна основа, соодветно.Кај вкупните депозити, каматната стапка се задржа на нивото од претходниот месец,при мал годишен пад од 0,01 п.п. и изнесува 2,18%.
Растот на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и депозити во август бележи умерено забрзување. Кај каматната стапка на новоодобрените кредитизабележано е месечно и годишно зголему вање од 0,26 п.п. и 0,22 п.п., соодветно, при што таа изнесува 4,70%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен и годишен раст од 0,30 п.п. и 0,66 п.п., соодветно и изнесува 2,72%.
Каматни стапки на корпоративниот сектор
Кај претпријатијата, забележана е мала надолна промена на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,01 п.п. и изнесува 4,33%, додека на годишно ниво е намалена за 0,19 п.п. Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, каматната стапка изнесува 2,69%, што претставува зголемување од 0,06 п.п. и 0,16 п.п. на месечно и на годишно ниво, соодветно.
Каматната стапка на новоодобрените кредити во овој месец оствари месечен раст од0,47 п.п., а на годишна основа, по неколку месеци на намалување, забележа раст од0,35 п.п. и изнесува 4,68%. Слично движење е забележано и кај новоприменитедепозити, при поголем месечен и годишен раст од 0,77 п.п. и 0,89 п.п., соодветно иизнесува 2,75%. Притоа, месечната промена произлегува од растот на каматната стапкана денарските и девизните кредити.
Каматни стапки на домаќинствата
Во август, каматната стапка на вкупните кредити на населението продолжи да сенамалува за 0,02 п.п. и 0,27 п.п, на месечна и на годишна oснова, соодветно и изнесува5,00%. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета вооднос на претходниот месец и изнесува 2,11%. Споредено на годишно ниво, оваакаматна стапка се намали за 0,03 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата не забележапромена на месечна основа и се задржа на нивото од 4,73%. На годишна основа, оваакаматна стапка е повисока за 0,05 п.п. Каматната стапка на новопримените депозитиизнесува 2,72% и бележи месечен и годишен раст од 0,07 и 0,54 п.п., соодветно.
Месечниот раст произлегува од зголемените каматни стапки на денарските депозити.



