ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАРегулаторна со нова одлука: бензините поскапуваат, дизелот се намалува

Регулаторна со нова одлука: бензините поскапуваат, дизелот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 21.9.2026 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 ден/кг и сега ќе изнесува 49,882 ден/кг.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 29.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 111,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,882 (денари/килограм)

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ