ПочетнаКОМПАНИИ„Saudi Aramco“ планира експанзија на пазарот на течен гас

„Saudi Aramco“ планира експанзија на пазарот на течен гас

„Saudi Aramco“ планира реорганизација на својата структура и формирање нова единица која ќе управува со проекти поврзани со течен гас, објавува „Reuters“, повикувајќи се на свои извори. Од компанијата официјално одбиваат да коментираат.

Според информациите на агенцијата, во основата на овие планови е наоѓалиштето на шкрилест гас Џафура, кое „Aramco“ претходно го опиша како најголемото наоѓалиште од ваков вид на Блискиот Исток.

Во 2020-та година компанијата соопшти дека планира да инвестира 110 милијарди долари во развојот на проектот, кој треба да помогне во прилагодувањето кон зелената транзиција. Минатата година наоѓалиштето започна со работа, со цел природниот гас да се користи за производство на електрична енергија, со што би се ослободиле поголеми количества нафта за извоз.

Сега компанијата ја разгледува можноста да излезе на пазарот на гас и надвор од Саудиска Арабија.

Според извори запознаени со плановите, единицата за гас ќе има посебна управувачка структура, а малцински удел во неа би можел одделно да биде понуден на берзата во Ријад.

За таа цел би се користел моделот на иницијалната јавна понуда (IPO) на „Saudi Aramco“ од 2019-та година. Тогаш понудата беше опишана како најголемото излегување на финансиските пазари, при што компанијата собра 25,6 милијарди долари.

Уште пред војната во Иран, Саудиска Арабија бараше начини да ја намали зависноста на својата економија од нафтата. Конфликтот на Блискиот Исток ги ограничи можностите за извоз, а земјата ја загуби позицијата на водечки извозник на нафта во корист на САД.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ