ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБарате стан? Саемот за недвижности 2026 ги носи најдобрите понуди на едно...

Барате стан? Саемот за недвижности 2026 ги носи најдобрите понуди на едно место

Од 29 до 31 октомври во Т Арената – С.Ц. Борис Трајковски, на Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 посетителите ќе можат директно да се информираат за станови и деловни простори во Македонија, Грција, Албанија и Словенија, но и за новите енергетски трендови и технологии претставени на Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА.

Од 29 до 31 октомври, Т Арената – С.Ц. Борис Трајковски, во Скопје ќе стане место каде што посетителите ќе можат за само три дена да откријат нови идеи, да споредат понуди за нови станови, да разговараат директно со компании и да пронајдат конкретни можности за купување, инвестирање, соработка или развој. Годинава, Саемот за енергетика и технологија ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе се одржат заедно, создавајќи атрактивен саемски простор за сите што сакаат одблиску да ги видат најновите трендови во индустријата, технологијата, енергетиката, градежништвото и недвижностите.

За посетителите, овие два саеми се можност на едно место да добијат информации што инаку би барале многу време, состаноци и пребарување. Наместо одвоени средби и долги споредби, тие ќе можат директно да се информираат за понудите, да постават прашања, да добијат совети од претставници на компаниите и да добијат појасна слика за тоа што моментално нуди пазарот.

РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе биде особено привлечен за сите што размислуваат за купување стан, бараат нов дом, планираат инвестиција или сакаат навреме да ги споредат можностите на пазарот. На едно место ќе биде претставена широка понуда на станови од повеќе компании, со проекти во земјава, но и со атрактивни понуди во Грција, Албанија и Словенија. Посетителите ќе имаат можност директно да разговараат со претставници од компаниите, да добијат детални информации за локации, услови и рокови, како и полесно да ги споредат различните опции пред да донесат одлука.

На саемот ќе усчествуваат повеќе компании меѓу нив и Адора, во која прилика Извршниот претседател д-р Драгана Д. Чифлиганец истакна дека „Адора Бизнис Групацијата веќе 24 години е присутна на пазарот на недвижности, а на саемот ќе ги претстави актуелните проекти на атрактивни локации – Порта Скопје во центарот на Скопје, Ivory во центарот на Љубљана, како и нашите инвестиции во центарот на Солун и Неа Флогита во Грција. Дел од нашето портфолио е и 21st Century Zlatibor by Adora, зад чиј концепт и реализација стои Душко Чифлиганец, исклучителен и уникатен проект, едно од препознатливите обележја на Адора надвор од Македонија. На саемот се претставуваме со проекти кои најдобро покажуваат каде е Адора денес – компанија со искуство, која создава домови според потребите и начинот на живот на луѓето што ни ја даваат својата доверба. Од саемот очекуваме голем интерес, но за нас е подеднакво важно директно да разговараме со посетителите и да ги слушнеме нивните потреби при избор на својот иден дом. Имаме што да им понудиме на посетителите и нашето претставување ќе биде уште една потврда за она што Адора го гради и создава повеќе од две децении.“

Паралелно, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе донесе увид во нови технологии, решенија за енергетска ефикасност, автоматизација, роботика, ИКТ, машинство и одржливи индустриски практики. Така, посетителите ќе добијат поширока слика за тоа како современите технологии, енергетиката и недвижностите се поврзуваат во создавањето подобри услови за живеење, работа и инвестирање.

За компаниите и изложувачите, саемите нудат можност да бидат видливи пред публика со реален интерес, да ги претстават своите проекти и услуги, да остварат B2B средби и да изградат нови партнерства. За посетителите, пак, тоа значи побрз пристап до релевантни информации, повеќе избор и директна комуникација со оние што стојат зад понудите и решенијата.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде што посетителите ќе можат да видат, прашаат, споредат и одберат — директно, практично и на едно место.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ