Во Србија, просечната плата (бруто) пресметана за јули изнесуваше 167.402 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 121.346 динари(1 035 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија.
Растот на бруто платите во периодот јануари-јули 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесувал 11,3 проценти номинално, односно 8,4 проценти реално, додека просечната нето плата беше поголема за 11,4 проценти номинално, односно за 8,5 проценти реално.

