ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКолку гориво може да се купи со една просечна плата - цените...

Колку гориво може да се купи со една просечна плата – цените најевтини, стандардот меѓу најслабите во регионот

Експертот по енергетика Дејан Димовски подготви анализа за количеството на дизел гориво кое може да се купи во Македонија со една цела просечна плата, но и во остататите држави од регионот. Податоците кои ги доби покажуваат дека земјава се наоѓа некаде на средина на листата по тоа колку гориво може да се купи доколку се потроши една цела просечна плата.

Податоците кои ги објави членот на групата Инженери Дејан Димовски покажуваат дека граѓаните кои се жители на поразвиените држави од регионот каде што и стандардот на живот е далеку повисок од македонскиот можат да набават повеќе дизел гориво во однос на тоа што би можеле да купат граѓаните на Македонија.

За да биде појасна споредбата, Димовски пресметката ја направил во денари. Според анализата на Димовски, словенците кои што имаат просечна плата од околу 104 илјади денари, каде што за еден литар дизел плаќаат во моментов 122 денари доколку целата плата ја потрошат за набавка на горивото ќе купат најмногу во регионот, и тоа 851 литро. Следува Хрватска каде што цената на дизелот е 119 денари а просечната плата над 92 илјади денари. Пресметката вели дека хрватите ќе може да купат 775 литри дизел. Трета на листата е Грција со моментална цена од 126 денари за литар а просечната плата е речиси 77 илјади денари. Тоа значи дека грците може да набават вкупно 610 литри дизел гориво.

Следува Србија со просечна плата од 74 илјади денари и цена на дизелот од високи 124 денари. Во вакви услови денеска србите би набавиле 597 литри дизел. Следува Црна Гора со речиси 64 илјади денари плата. Во оваа балканска држава дизелот се продава по цена од 117 денари, а вкупно може да се купат 545 литри доколку се потроши целата просечна плата. Во БиХ цената на дизелот е слична како и онаа во Црна Гора, или за денар помалку. Тоа значи дека во овој случај кога цената изнесува 116 денари, а просечната плата во државата изнесува близу 55 илјади денари ќе може да се купат 469,5 литри дизел.

Конечно дојде редот и за податоците за Македонија која на скалата е на долната страна, а информациите велат дека со цени на дизелот од 104,5 денари и просечната плата од близу 48 499 денари, од бензинските бумпи низ државата може да се набават 464 литри дизел гориво. Овие податоци се подобри само од Косово и од Албанија, каде што дизелот е најскап во регионот. На Косово цената на дизелот е 110 денари, просечната плата 35 илјади денари а количината што би се купиле со овие пари и по таа цена изнесуваат 318,7 литри. Албанија е рекордер по цената на дизелот со фантастични 147 денари за литар, а просечната плата изнесува нешто над 45 илјади денари. Тоа значи сдека албанците можат да купат само 307,5 литри за едена цела плата.

Тука сега повторно се отвора прашањето, дали изјавите на македонските власти, а особено на премиерот дека Македонија има најевтини горива треба да се смета за некаква утеха, бидејќи со платите кои ги земаат македонските граѓани тој податок не им менува многу во количината гориво кое може да ја наточат во своите резервоари.

И.П

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ