ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.09.2026

Дневен хороскоп 24.09.2026

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате среќни околности. Деловното поле ви е убаво поставено, немате проблеми. Во љубовта имате впечаток дека вие сте доминантниот партнер во моменталната врска и не ви се допаѓа тоа што саканото лице не презема иницијатива.

Бик (21.04 – 21.05)

Препорака е да не се обидувате да менувате работи кои не се во ваши раце бидејќи така ќе бидете само разочарани. Доколку сте во брак, пред вас е малку потежок ден. Слободните можат да очекуваат несекојдневно познанство.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потрудете се да останете доволно дискретни и да не споделувате важни информации со лицата кои не ги познавате доволно добро. Во љубовта денешниот ден не е претерано поволен за почеток на врска или за љубовното поле генерално.

Рак (22.06 – 22.07)

Немате доволно доверба во луѓето со кои соработувате, па повеќето важни информации ќе ги чувате само за себе. Тешко ви е да остварите стабилност во љубовта, мислите дека сеуште не сте ја пронашле сродната душа.

Лав (23.07 – 22.08)

Се обидувате да најдете решение и излез од проблемите. Ќе успеете да најдете одговор на некои прашања. Партнерот добро ве познава, не се обидувајте да сокриете од него нешто.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете оптеретени со деловните обврски. Ве очекува ден во кој ќе морате да обавите многу работи. Можно е да имате некои недоразбирања со партнерот, но без поголеми проблеми ќе успеете да решите се.

Вага (23.09 – 22.10)

Можни се компликации, па поведете сметка вие сами дополнително да не отежнувате некои работи. Во љубовта обидете се да избегнете кавги со партнерот бидеји можно е да се најдете во непријатна ситуација.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред вас е ден во кој ќе завршите рутински обврски без поголеми проблеми или напрегања. Во љубовта ве очекува поволен период, некои ќе добијат понуда за брак или заеднички живот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот не е претерано поволен за позајмици, па воздржете се од тоа. Во љубовта за некои од вас е време на одлука дали ќе продолжат со истиот партнер или не. Ќе успеете да излезете на крај со ситуацијата.

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да успеете да излезете на крај со некои помали проблеми кои излегле неочекувано. Во љубовта не ви е лесно да пронајдете партнер кој сосема ќе ви верува. Можно е да имате страв од врзување.

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте да дозволите било кој да ви создава атмосфера со беспотребен притисок. Организирајте се онака како што ви одговара. На љубовното поле засега ви одговара самотијата.

Риби (20.02 – 20.03)

Обрнете им внимание на трачевите кои кружат околу вас. Можеби некои информации можат да бидат од клучно значење за вас. Во љубовта очекувајте убав ден поминат со партнерот.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ