Кога се зборува за пензија, најчесто се мисли на последните години од работниот век. КБ Прво пензиско друштво веќе години наназад ги едуцира и информира своите сегашни и потенцијални членови дека пензиската приказна не започнува тогаш кога ќе заврши кариерата. Треба да се знае дека таа се гради постепено, во текот на сите години од работењето.
Накусо кажано, средствата се акумулираат и инвестираат, уште со првата плата. Од бруто-платата се издвојуваат 6 % коишто влегуваат во пензиската заштеда, како лични средства коишто подлежат и на наследување. Кај членовите на Задолжителниот пензиски фонд, средствата дополнително се инвестираат во согласност со утврдените правила и се акумулираат во текот на годините.
Дополнително важно, Законската регулатива вели дека нововработениот автоматски времено се распределува во едно од пензиските друштва од вториот столб, но има рок од 3 месеци сам да одбере со кое од нив ќе склучи договор за задолжителен пензиски фонд. Доколку не одбере, останува во друштвото во кое бил распределен на почетокот.
Токму затоа, пензијата не треба да биде тема за која првпат сериозно се размислува непосредно пред пензионирањето.
За нас, во КБ Прво пензиско друштво е важно секој член да биде информиран за сопствената пензиска заштеда: да знае дека има индивидуална сметка, да ги следи уплатите и состојбата на средствата и да го разбира начинот на кој функционира капитално финансираното пензиско осигурување.
Со дигиталниот пристап до информациите, следењето на пензиската заштеда денес е значително поедноставно. Во КБ Прво работиме на тоа информациите да бидат подостапни, а пензиската заштеда да не стане нешто далечно и апстрактно, туку нешто што секој член може редовно да го следи и подобро да го разбира.
Навиката за редовно информирање е исто толку важна колку и разбирањето на самиот систем. Во текот на една кариера може да се променат работното место, приходите, животните приоритети и плановите – но пензиската заштеда продолжува да се гради низ годините.
Пензионирањето е една точка во иднината. Во КБ Прво веруваме дека планирањето и информираноста за неа започнуваат многу порано.
Супервизор во капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.02 32 24 229



