ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСкоро 13 илјади евра годишно чини еден работник во Македонија

Скоро 13 илјади евра годишно чини еден работник во Македонија

Државниот завод за статистика ги објави последните обработени податоци за цената на трудот во земјава. Во 2024 година, годишниот просек на трошоците на работодавецот по вработен изнесуваше 788 066 денари. Трошоците на работодавецот по фактички одработен час изнесуваше 450 денари. Фактички одработените работни часови по вработен изнесуваше 1 752 часа.

Годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во Македонија во 2024 година изнесуваше 788 066 денари. Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен во земјава има во секторот Информации и комуникации и изнесува 1 453 846 денари.

„Во 2024 година годишниот просек на издатоци на работодавецот по фактички одработен час во Република Северна Македонија изнесуваше 450 денари. Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Република Северна Македонија изнесува 1 752 часа. За обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот во 2024 година се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и од Агенцијата за вработување“, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

Според Годишен просек на трошоците по вработен, во секторот Рударство и вадење камен трошокот изнесува 1 028 458 денари, во Преработувачката индустрија изнесува 714 309, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација трошок од 1 116 070, во секторот Градежништво трошоци од 773 812 денари, во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 733 477, Транспорт и складирање 661 181, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 565 491 денари.

Трошоците во секторот Информации и комуникации достигнуваат 1 453 846, Финансиски дејности и дејности на осигурување 1 101 922 денари, Стручни, научни и технички дејности 962 012, Следуваат Административни и помошни услужни дејности со трошоци од 641 580, Образование со трошоци 681 903, Дејности на здравствена и социјална заштита 811 691, Уметност, забава и рекреација 779 265 денари трошоци.

И.П

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ